Лазаров: Ме мачи фактот дека немаме многу играчи кои играат во најквалитетните европски лиги!

458

Македонија во една поинаква ситуација ќе ги почне квалификациите за пласман на Европското првенство 2024 година. Не само што во составот ќе ги нема искусните имиња како Кирил Лазаров, Стојанче Стоилов и Филип Миркуловски, туку од оваа сезона бројот на ракометари кои играат во странските лиги е осетливо намален, а згора на се, само еден репрезентативец е дел од Лигата на шампионите.

Селекторот на нашиот најдобар национален тим, Кирил Лазаров сето ова го детектира како проблем, бидејќи преку европските клупски лиги се добива искуството кое подоцна ќе вроди плод во репрезентацијата.

„Олеснитална околност за мене како селектор, не случајно се вратив тука. Сакав да ја испочитувам мојата функција, да ги испочитувам луѓето кои ми ја дадоа довербата, да ја испочитувам Македонија. Се надевам дека тоа ќе вроди со плод, гледам натпревари од лице место, имам противници кои ми се дел од репрезентацијата.

Имам комплетна слика, тоа е предност од една страна, но од друга пак ме мачи тоа што немаме многу играчи кои играат во другите најквалитетни лиги, во Лигата на шампиони…Не можеме да градиме репрезентација, а да немаме клуб во Лигата на шампионите. На играчите на Вардар оваа сезона им проаѓа само со настап во домашното првенство, зборам за нашите репрезентативци. Единствениот кој што игра во ЛШ, моментално оваа година. За жал и треба да нагласам дека над 90% се играчи се млади, перспкетивни од нашата лига“, вели Лазаров.

Тој се надева дека домашните играчи во редовите на Пелистер ќе добијат поголема европска минутажа, нека да бидат само бројка на клупата.

„Од друга страна во Лигата на Европа е Пелистер, што пак е добра вест, за брзо време почнуваат и дека по стапките на Вардар каде 90% се македонски играчи, по стапките на Алкалоид и другите клубови, дека и тие во иднина ќе им дава поголема минутажа на нашите играчи. Да не бидат играчи кои што седат само на клупа, напротив таа Лига Европа да ја искористиме, репрезентативците да добиваат минутажа да стекнуваат интернационално искуство за доброто на Македонија“, заврши Лазаров. 

Македонија во среда ја пречекува селекцијата на Луксембург во СЦ „Борис Трајковски“, билетите веќе се пуштени во продажба, додека четири дена подоцна и гостува на Турција во Ван.

ПретходноМакедонија квалификациите ги отвара против Малта, последниот меч го игра дома против Англија!
СледноПетровиќ: Против Партизан реално нема што да загубиме!