Фудбалерите на Нотингем Форест освоија бод во дуелот со Астон Вила во 9.коло на Премиер лигата и со тоа ја прекинаа серијата од пет порази. Натпреварот заврши со резултат 1:1, а „шумарите“ со овој бод стигнаа до пет и се на претпоследното место препуштајќи му го „фенерот“ на Лестер.
Поведе Нотингем со голот на младиот напаѓач Емануел Денис во 15. минута, а изедначи ветеранот во редовите на Астон Вила, Ешли Јанг во 22. минута со удар од далечина. До крајот резултатот не се менуваше.
За Вила ова е трето реми сезонава, а тимот е на 16. место со 9 освоени бода.
Дома Меѓународен фудбал Англија Нотингем Форест со реми против А.Вила ја прекина серијата од пет порази...










