Селекторот на Португалија затајувал данок

70

Португалскиот селектор Фернандо Сантош е осуден за затајување на данок, пренесува РМЦ Спорт. Локалниот суд пресудил во корист на даночната администрација, а португалскиот селектор со својата сопруга ќе мора да вратат милионски суми на државата.
Сантош добивал плата од Португалската фудбалска федерација (ФПФ) преку компанијата Фемакоса, која самиот ја има основано. Благодарение на тоа што неговата плата одела преку оваа компанија, Сантош можел да плати помалку данок. Според одлуката на судот, португалскиот тренер, како и неговата сопруга Гилхермина Коста Сантош сега се обврзани да вратат 4,5 милиони долари.

ПретходноУште една мака за Клоп – Луис Диас нема да игра долго време
СледноПогледнете каков „луд“ автогол падна во австриската Бундес лига (видео)