На околу час и половина пред почетокот на спектаклот, на мечот од АБА лигата меѓу МЗТ Скопје и Партизан, полека се загрева атмосферата пред СЦ “Јане Сандански“ и неговата околина. Фановите пристигнуваат, оние на Партизан се веќе тука. Се приметува и големо полицициско обезбедување, да се надеваме дека се ќе мине во најголем ред и дека ќе следиме одличен меч меѓу МЗТ Скопје и Партизан.














