Паоло Дибала се повреди при изведување на удар од белата точка против Лече, меч кој Рома го доби со 2-1 во рамките на деветото коло во Серија. Го фати бутниот мускул на левата нога на клупата стигна во солзи. На негово место дојде Немања Матиќ. Аргентинскиот напаѓач, кој оваа сезона пристигна на слободен трансфер од Јувентус, би можел да го пропушти и Светското првенство во Катар. Тренерот на Рома, Жозе Мурињо вели дека ситуацијата е многу лоша.
„Би рекол дека е лошо, да не речам многу лошо. Разговарав со докторот и Дибала и според моето искуство тешко дека ќе го видиме повторно на теренот пред 2023 година“, изјави Португалецот и додаде дека Дибала претходно бил 100 отсто подготвен.
Дибала често беше напаѓан од повреди во текот на неговата кариера. Сезонава има седум гола и две асистенции на 11 настапи за Рома.










