Најдобриот фудбалер на Иран на сите времиња, легендарниот Али Даеи, остана без пасош и нема право да ја напушти својата земја. Медиумите во Иран пишуваат дека властите се одлучиле на ваков потег затоа што Даеи се приклучил на протестите поради смртта на Махса Амини. Само за потсетување тоа е жена која што почина на насилен начин во протестите за поголеми права на жената во ваа земја. Откако се случи тоа, истите станаа уште помасовни и поподдржани, па властите како што е обичај во земјите со ваков вид на општествено уредување уште построго тргнаа да го решаваат проблемот.
Меѓу оние кои решија да го дигнат гласот е и најдобриот стрелец и фудбалер на сите времиња на оваа земја, Али Даеи кој најпрво ја изразил својата поддршка на Инстаграм, а потоа и со присуство на протестите.
Тој до неодамна беше најдобриот стрелец во еден државен дрес на сите времиња со 109 голови, пред да биде престигнат од Кристијано Роналдо.