Уште една тренерска смена во Серија А

235

Четврта тренерска смена во италијанската Серија А. Екипата на Верона одлучи да го отпушти тренерот Габриеле Чофи по неделниот пораз со 2:1 од Салернитана. Тој беше назначен во текот на летото потпишувајќи двегодишен договор, но под негово водство тимот во деветте натпревари освои пет бода или поточно една победа, две ремија и шест пати беше поразена.
Диего Лопез е најсериозен кандидат за клупата на Верона. Тој е поранешен тренер на Каљари, Болоња, Палермо, Бреша, а последен клуб му е Универзитат де Чиле.
Ова е четврта смена во Серија А сезонава, а тренери до сега менуваа Сампдорија, Болоња и Монца.

ПретходноДербито на Молдавија за рекорд – во стартните тимови дури 21 странец!
СледноАлегри: Проблемот на Јуве не е тактиката, туку тимот не игра со срце и страст