Фудбалерите на Реал Мадрид и Шахтјор ремизираа во Варшава во натпреварот од групната фаза на Лигата на шампионите, а последниот гол на натпреварот го постигна Антонио Рудигер. Искусниот фудбалер кој неодамна пристигна во Мадрид од лондонски Челзи „скапо го плати“ победничкиот гол во 95. минута, бидејќи само неколку секунди подоцна беше облеан во крв, се здоби со расекотина на челото.
По натпреварот, дефанзивецот на Реал Мадрид се огласи на Твитер. Тој реши да објави фотографија на која го напушта теренот со соодветна порака.
“Она што не може да те убие само те прави посилен. Добро сум. Ви благодарам на сите за пораките”, напишал накратко Рудигер.
Според првичните информации дефанзивецот „заработил“ 20 конци, а допрва ќе биде познато дали има дополнителна повреда.
Реал Мадрид со бодот во Варшава обезбеди место во осминафиналето во Лигата на шампиони.
What doesn’t kill you makes you stronger 👊🏾 I am okay – thanks for all your messages 🤞🏾🙏🏾 #Hustle #AlwaysBelieve pic.twitter.com/ynnLw5Cjfo
— Antonio Rüdiger (@ToniRuediger) October 11, 2022