Како што дознава Спортмедиа, двата меча од следното 11. коло од ПМФЛ шампионатот, помеѓу екипите на Шкупи и Струга Трим Лум односно Победа и Академија Пандев ќе се играат според планираното на Чаир односно Гратскиот стадион во Прилеп.
Иако постоеше можност домаќините да бидат казнети поради инцидентите на мечевите против Силекс односно Шкендија во изминатото коло, сепак, санкцијата ќе биде парична. Така одлучија органите на ФФМ откако заседаваа неделава.
Тоа значи дека Шкупи и Струга Трим Лум дефинитивно в недела на Чаир ќе стартуваат од 14:00 додека пак Победа ден порано ќе ја пречека Академија Пандев на Грацки во Прилеп.