Официјално, Глазгов Ренџерс е најлошиот тим во групната фаза од ЛШ

111

Шкотскиот Глазгов Ренџерс по 12 години се врати во групите од Лигата на шампионите, инкасираше 15 милиони долари за учество, меѓутоа нивниот настап не помина импресивно. Поточно помина катастрофално, затоа што финалистот на Лига Европа од минатата сезона го запиша најлошиот ефект од сите учесници во групната фаза на ЛШ во историјата.

Ренџерс заврши последен во групата (во која беа Ливерпул, Наполи и Ајакс) со нула бодови и гол разлика од 2 постигнати и дури 22 примени гола (-20 гола).

Со тоа го надминаа претходниот рекорд на Динамо Загреб од 2011 година кога завршија без освоен бод и гол разлика од -19.

Ова е поука за иднина. Одиме напред, ова е едно искуство плус и ќе се вратиме посилни“, изјави капитенот Џејмс Таверние.

Менаџерот на Глазгов, Џовани ван Бронхорст причината за неуспехот ја гледа во тоа што тимот не е на нивото на противниците, како во квалитет, така и во финансии.

Разочарувачки е. Се вративме во ЛШ по 12 години и тоа е добро, но настапот е разочарувачки. Од друга страна пред нас имавме квалитетни противници, па стекнавме искуство и поука. Се разбира, сакаме и наредната сезона да играме овде“, рече Холанѓанецот.

Ренџерс моментално се на втората позиција во шкотската Премиер лига, четири поени помалку од лидерот Селтик.

ПретходноСелта го смени тренерот, замената стигна два часа подоцна
Следно„Булдожери“ – Баерн урна неколку рекорди во ЛШ