„Булдожери“ – Баерн урна неколку рекорди во ЛШ

119

Победата на Баерн над Интер со 2:0 означи неколку рекорди за баварскиот гигант. Единаесетти пат во историјата на ЛШ, еден тим успеал да ја помине групната фаза со максимални бодови. Всушност, Баерн е првиот кој успеал да го направи тоа три пати (Реал Мадрид по два пати во 2011 и 2014 година).

Интересно, три пати во последните четири сезони Баерн минувал во нокаут фазата со шест победи во групата (освен во сезоната 2020/21 кога имаше 16 бода). Во последните четири сезони Баерн собрал 70 од максималните 72 бода во групната фаза.

Сега, 34 натпревари по ред во групната фаза Берн нема пораз. Последните 13 натпревари им се само победи што е нов рекорд.

Тренерот Јулијан Нагелсман е во серија од 14 едноподруго победи во групите на ЛШ (12 со Баерн и два со Лајпциг), со гол-разлика 47:10. Тој го изедначи рекордот на Луис ван Гал кој имаше 14 победи по ред во групната фаза од 1999 до 2009 година со Барселона и Баерн.

ПретходноОфицијално, Глазгов Ренџерс е најлошиот тим во групната фаза од ЛШ
СледноДо пред три сезони се мачеа во Втората лига, сега атакуваат на титулата во Полска