Анчелоти: Ни недостигаше свежина

114

Тимот на Реал Мадрид синоќа неочекувано го доживеа првиот пораз во овогодинешната сезона од тимот на Рајо Ваљекано со 3:2. Тренерот на Мадрид, Карло Анчелоти е помирен со фактот дека до овој момент едноставно морало да дојде затоа што едноставно не е можно да се победи на секој дуел.

“Знаевме дека ни претстои ваков натпревар. Беа посилни во дуелите. Ова е голема вечер за нив. Винисиус пропушти две или три шанси кои обично ги постигнува голови. Асенсио се снајде добро во првите единаесет, но генерално беше лош натпревар за нас. Ни недостигаше свежина, што е нормално после толку натпревари. Ако ја оцениме првата фаза од сезоната, мислам дека добро се снајдовме. Стигнавме до 1/8 финалето во Лигата на шампионите, а одлично ни оди и во Ла Лига “ – изјави Анчелоти.

ПретходноНе го зема зетот на СП во Катар иако тој е еден од најискусните играчи, а бил и капитен
СледноДанскиот селектор не го објави тимот за СП: Нека почекаат уште малку, има и причина за тоа