Данскиот селектор не го објави тимот за СП: Нека почекаат уште малку, има и причина за тоа

242

Селекторот на Данска, Каспер Холманд ги остави во неизвесност фудбалерите и фановите затоа што не ја објави групата на играчи на кои ќе смета на претстојниот Мундијал 2022 во Катар. Холманд има 21 играч за СП, а останатите членови ќе ги соопшти на почетокот на идната недела. Тој ќе почека да се одиграат претстојните кола во националните шампионати пред паузата за СП.

„ Дотогаш може многу да се случи. Ја разбирам желбата на сите да ја видат финалната група што е можно поскоро, но ова е вистинскиот начин. Многу од играчите имаат два натпревари за играње и работите лесно може да се променат. Има уште десет или дванаесет луѓе за кои се двоумам“, изјави селекторот на „црвениот динамит“.

Како што е познато, репрезентацијата на Данска на Светското првенство 2022 година е во иста група со Тунис, светскиот првак Франција и Австралија.

ПретходноАнчелоти: Ни недостигаше свежина
СледноСамуел Ето малку се занесе: „Камерун-Мароко ќе биде финалето на СП 2022“