Самуел Ето малку се занесе: „Камерун-Мароко ќе биде финалето на СП 2022“

141

Актуелниот претседател на Фудбалската федерација на Камерун Самуел Ето даде интервју во пресрет на СП во Катар. Тој предвидува одличен турнир на африканските репрезентации. Африка ќе ја претставуваат Сенегал, Тунис, Мароко, Гана и Камерун.

Мислам дека сите пет африкански тимови ќе ја поминат групната фаза со тоа што Камерун, Мароко и Сенегал ќе бидат победници во групата (Камерун ќе заврши прв пред Швајцарија, Србија и Бразил, а Сенегал пред Катар, Еквадор и Холандија додека Мароко ќе биде поуспешен од Хрватска, Белгија и Канада)“, изјави Ето.

Тој сонува африканско финале во Катар.

Мароко ќе се квалификува во финалето по победи над Шпанија во осминафиналето, потоа Португалија во четвртфиналето и актуелниот првак Франција во полуфиналето. Од друга страна Камерун ќе стигне до финале по победите над Белгија во четвртфинале и Сенегал, освојувачот на Африканскиот куп во полуфиналето“, оптимист е поранешниот фудбалер на Барселона кој го даде првото интервју откако стана претседател на ФФ на Камерун во декември 2021 година.

 

ПретходноДанскиот селектор не го објави тимот за СП: Нека почекаат уште малку, има и причина за тоа
СледноКој рече дека нема што да понудат: НБА атракции во режија на кошаркарите на Ангели (ВИДЕО)