Жозе Мурињо по крајот на сезоната повеќе од сигурно ќе си замине од Рома и ќе се врати во Мадрид, и тоа во Реал Мадрид. Имено, барем според пишувањето на италијанската „Република“, Португалецот не би имал ништо против по една деценија да се врати на клупата на најголемиот клуб во светот. Познато е дека “специјалниот“ беше стратег на “кралевите“ од 2010 до 2013 година.
Флорентино Перез засега е задоволен од работата на Карло Анчелоти. Но до јуни се може да се случи, и ако веќе мора да биде сменет стратегот кој пред неколку месеци на Реал му ја донесе новата титула во ЛШ, тогаш прв пик на Перез му бил токму Жозе Мурињо.










