Ливерпул без Јирген Клоп на утрешната пресметка со Саутемптон

253

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп е суспендиран на еден натпревар и нема да го води својот тим против Саутемптон в сабота. Првично германскиот стручњак беше казнет само парично поради црвениот картон против Манчестер Сити, но по жалбата на Фудбалскиот сојуз, санкцијата му беше сменета.

Веста за новата казна на Клоп доаѓа на само 24 часа пред премиерлигашката пресметка со Саутемптон. Станува збор и за казна од 30.000 фунти.

Според овие околности, Ливерпул против „светците“ ќе биде предводен од помошникот на Јирген Клоп, Пеп Линдерс. Ова е првпат Јирген Клоп да пропушти натпревар на Ливерпул поради суспензија.

ПретходноХасани пред дербито со Струга: Ќе биде тежок меч, но ние секогаш одиме на три бода
СледноНајдолгата минута во животот, а потоа еуфорија…се најде на списокот за Мундијалот! (ВИДЕО)