Денеска повеќе репрезентации ги објавија своите конечни списоци на играчи со кои ќе играат на претстојниот Мундијал во Катар.
Луис Енрике, селекторот на Шпанија сепак не го стави на него Серхио Рамос, искусниот стопер на ПСЖ, иконата на Реал Мадрид, иконата на “фуријата“.
На списокот на Холандија, го нема Вајналдум, играчот за врска на Рома кој поради повреда ќе го прескокне ова СП.
Диего Алонсо, селекторот на Уругвај не експериментираше премногу. На списокот се Суарез, Кавани, Дарвин, Валверде и останатите мега – ѕвезди на светскиот фудбал.
Во продолжение можете да ги погледнете конечните списоци на Шпанија, Холандија и Уругвај…










