Луис Енрике денеска го објави списокот со 26-те играчи на кои ќе смета на СП во Катар. Јасно е дека има неколку изненадувања, некои големи ѕвезди како Серхио Рамос не беа повикани, но “Марка“ направи анализа на тоа кој е тимот на Шпанија Б, односно тимот или играчите кои нема да го видат Катар.
Кепа, Кукуреља, Рамос, Начо, Белерин, Каналес, Фабиан, Мерино, Тиаго Алкантара, Џерард, Аспас е тимот кој нема да заигра на СП во Катар.
Нема што, брутално…










