Положани: Бевме подобри, Струга ТЛ од една шанса постигна гол и успеа да победи

58

Големо беше разочарувањето во таборот на Шкендија по поразот од Струга ТЛ денеска со тие 1:0 за домашните. Реално тетовци одиграа добар меч, имаа неколку шанси, но кога нема да се даде гол тогаш казната следи, тоа старото непишано фудбалско правило.

По мечот стратегот на тетовци Артим Положани истакна:

“Навистина чувствувам големо жалење за момците, бидејќи мислам дека цело време бевме подобар противник. Бевме подобар тим на теренот, создадовме шанси, ритам во играта, но сме казнети од една единствена ситуација на противникот која дефинитивно мора да ја елиминираме. Исто како што го критикував тимот кога победувавме, но претставата не беше како што треба, денес е спротивното, немам за што да ги критикувам момците. Денес момците дадоа сè и сè што ни недостигаше беше среќа да ги финализираме тие шанси и дефинитивно да излеземе со три бода тука, не со никаков друг резултат.“ рече покрај другото Положани.

ПретходноМаркез најбрз на спринтот во Катар, страшен пад на Бањаја!(ВИДЕО)
СледноОва се последните информации за состојбата на Бањаја по страшниот пад во Катар! (ВИДЕО)