Уф, каква сензација во квалификациите на ЕП. Имено силната селекција на Словенија, која и тоа како важеше за голем фаворит, дома беше поразена од Израел со 28:31. На полувремето (14:13) не изгледаше дека може да се случи ваква сензација, но ете, со подобра игра во второто полувреме, гостите успеаја да шокираат четата на селекторот Урош Зорман.
Даниел Мосинди со девет голови беше херој на селекцијата на Израел, додека Блаж Јанц со шест погодоци беше најефикасен кај поразениот состав.










