Како што и најавивме, „тепачот“ Сабит Билали, фудбалерот на Шкендија по онаа глупост што ја направи на мечот со А. Пандев доби драконска казна, и тоа со право. Тој е казнет со шест месеци забрана за настап. Тоа значи дека Билали ќе може да заигра дури на 7 мај следната година. Значи за него заврши сезоната.
Ова е одлуката на Дисциплинската комисија на Фудбалската федерација на Македонија.
И се поради тоа што Билали на тој меч со „пандевци“ прво со бокс удри противнички играч, а потоа, кога овој беше долу на теренот, го шутна со нога.
Навистина глупост, невидена глупост.
Па така сега Билали ќе се “лади“ во следните шест месеци.
Нема што, казна по мерка.















