Сантош цели високо: Португалија може да биде светски шампион!

192

Селекторот на фудбалската репрезентација на Португалија, Фернандо Сантош, звучеше многу оптимистички кога новинарите го прашаа што очекува од настапот на Португалија на престојното СП во Катар.

„Мислам дека можеме да целиме кон трофејот, овој тим има квалитет да го стори тоа. Според мене фаворит е Франција, тие и се актуелни светски шампиони“.

Во Португалија доста се дебатира за изоставувањето на Гуедеш и Ренато Санчес од списокот на патници за Мундијалот во Катар, но искусниот стратег излезе со објаснување:

„Гледавме и анализиравме се во овие неколку месеци. Повиците се базираат на она што го видовме и тука нема ништо ново. Сакаме да ги имаме најдобрите играчи и во напад и во одбрана. Можевме да направиме друг избор. До крајот имаше сомнежи, бидејќи некои играчи имаат слични перформанси и статистика. Преземам целосна одговорност за направениот избор“, изјави Сантош.

ПретходноМукаетов на средба со Видерер во Скопје (ФОТО)
СледноПСЖ тоа го чекаше: Челзи нема да му го продолжи договорот на Канте