ВМФЛ: Охрид и официјално е есенски шампион

0
ФОТО:.facebook.com/gfkohrid

Веќе нема дилеми. Фудбалерите на Охрид се есенски шампиони во ВМФЛ. Попладнево охриѓани славеа кај Осогово 0:2 и со тоа оваа есенска полусезона ја завршија на првото место со 34 освоени бодови. Се одиграа уште шест средби од ова последно есенско коло, 13 вкупно, со што се стави крај на првата полуетапа во втората лига на Македонија.

Пелистер славеше исто со 0:2 кај Еуромилк, а изненадување се тие 0:0 на Работнички кај Детонит. Да кажеме дека за клубот од Градски парк оваа есенска полусезона не е завршена, останува да се одигра и заостанатиот меч со Брера и има шанси да заврши како втор, а за тоа му треба победа над струмичани со три голови разлика.

Во продолжение можете да ги видите сите ртезултати од ова последно есенско коло, како и тоа како изгледа табелата.

РЕЗУЛТАТИ – 13.КОЛО

Беласица – Камјани 3:1

Детонит – Работнички 0:0

Еуромилк – Пелистер 0:2

Кожуф – Македонија ЃП 0:0

Новаци – Шкупи 2:1

Осогово – Охрид 0:2

Тетекс – Брера 4:1

ТАБЕЛА

Охрид 34, Пелистер 31, Работнички (-1) 28, Камјани 20, Тетекс 19, Беласица 19, Брера (-1) 18, Кожув 18, Македонија ЃП 16, Новаци 14, Детонит 13, Осогово 10, Еуромилк 7, Шкупи 0

ПретходноИ кратовци се пофалија дека имаат убава пастрмајлија!(ФОТО)