Бутел убедлив во Струга, Пролет подобар од Радовиш!

80

Вечерва во меч од 10.коло во Суперлигата, тимот на Бутел Скопје одигра квалитетно како гостин кај Струга, и успеа да стигне до победата со резултат 19:27. Почетокот на мечот покажа дека гостите од Скопје не се шегуваат и дека се дојдени по бодовите. Рано се одлепија и на пауза се замина со резултат 9:16.

Во вториот дел Струга се обиде да ја достигне предноста, на моменти и успеаваа да ја намалат негативата, но тоа беше премалку за нешто повеќе.

На крајот заслужен триумф на Бутел Скопје.

Мајиќ со 9 голови беше прв стрелец кај гостите, додека кај домашните Бугариновиќ постигна пет голови.

Во вториот вечерашен меч тимот на Пролет со 34:29 успеа да го победи составот на Радовиш, победа со која тимот на Пролет се зацврсти на втората позиција на табелата во Суперлигата во групата Б.

Освен на моменти на почетокот од мечот, како и во вториот дел, во текот на целиот натпревар составот а Пролет беше подобар и повеќе од заслужено успеа да триумфира.

Аларов со 6 голови беше прв стрелец кај Пролет, додека поразениот тим Вјештица стрелаше во девет наврати.

ПретходноЕП: Германија ја “реши“ Холандија!
СледноБарди стрела за Трабзонспор во ремито против Анкарагучу (ВИДЕО)