Дончиќ и кога не е најдобар знае како да изнуди воздишки од публиката (ВИДЕО)

363

По историската низа од девет меча на кои постигна барем 35 поени, Лука Дончиќ на втор натпревар по ред одигра под своите стандарди, постигнувајќи 22 поени, девет скока и шест асистенции во поразот на Далас од Вашингтон од 113-105. Маверикс сега има скор од шест победи и пет порази.

Словенецот и во едно послабо издание најде начин како да ги остави без здив навивачите. Во самата завршница кон себе привлече двајца кошаркари, ја сокри топкаѕа, па потоа вешто го пронајде Повел, на кого пак му остана полесната задача, само да ја забие топката.

Резултати: Вашингтон – Далас 113-105, Атланта – Филаделфија 104-95, Мајами – Шарлот 117-112 (прод.), Њу Орлеанс – Портланд 95-106.

ПретходноПаника во Србија. Најдобриот стрелец во историјата ќе го прескокне дуелот со Бразил?
СледноАнчелоти: Модриќ не сфаќа што промаши, тој е изгубен!