Рекордери: Сити има 16 играчи на Мундијалот, ќе заработи најмалку 3 милиони фунти!

218

Познато е дека ФИФА ќе им плаќа на клубовите пари за тоа што нивните играчи ќе играат на Мундијалот, поточно ќе се плаќа отсуството.

И кога сме кај оваа ставка на приход на клубовите, да кажеме дека најмногу играчи кои се на списоците на своите репрезентации има од Манчестер Сити, и тоа 16. Веројатно “граѓаните“ се рекордери.

Тоа значи дека Сити ќе заработи и пристојна сума на пари, најмалку 3 милиони фунти ќе мора ФИФА да му плати на овој клуб, или некаде по 140.000 фунти на ден.

Инаку ова се играчите на Сити кои ќе патуваат на Мундијалот:

Стоунс, Вокер, Филипс, Фоден, Грилиш (Англија), Диас, Силва, Кансело (Португалија), Родри, Лапорт (Шпанија), Едерсон (Бразил), Аканџи (Швајцарија), Аке (Холандија), Де Брујне (Белгија), Алварез (Аргентина), Гундоган (Германија).

ПретходноНајдолгата минута во животот, а потоа еуфорија…се најде на списокот за Мундијалот! (ВИДЕО)
СледноРоманија ја доби драмата со Шпанија во Скопје (ВИДЕО)