Манчестер Јунајтед на два пати мораше да се израмни, но на крајот ја победи Астон Вила со 4:2 и се пласираше синоќа во осминафиналето на Карабао купот, каде ќе се сретне со Барнли. По натпреварот на „Олд Трафорд“, менаџерот на „црвените ѓаволи“ Ерик тен Хаг изјави дека на тимот му претстои уште долг пат, но првите чекори се веќе направени.
„Не можеме да играме две идентични полувремиња. Пред паузата ја контролиравме играта благодарение на добриот пресинг, но потоа почнавме да грешиме. Имавме проблеми во контранападот, не си додававме прецизно, доцневме и затоа пропуштивме многу прилики. На полувремето им реков на играчите да продолжат да притискаат, но да дејствуваат полинеарно. Горд сум што работите тргнаа на крај. Задоволен сум што успеавме да создадеме толку шанси и да погодиме толку многу во противничката мрежа“ – објасни Тен Хаг па додаде.
„Покажавме издржливост. Се надевам дека ќе го видам истото на секој натпревар. На претходниот меч со истиот противник не бевме конкурентни и тоа најмногу ме разочара. Врвните екипи играат со голем интензитет, кон тоа треба да целиме. Направивме чекор во вистинската насока, но патот ќе биде долг. Сакам да играме побрзо и посмирено да ја контролираме топката“, додаде тренерот на Манчестер Јунајтед.










