Штрајк во Победа, играчите си ги бараат платите!

3336

До кога вака? До кога екипи во највисок ПМФЛ македонски ранг, ќе бидат на дереџе да штрајкуваат и да не тренираат поради неисплатени плати, примања, кирии, пари за гориво и основни потрепштини.

Ако во минатото ова беше честа тема, време е конечно во 2022 година тоа да не биде. Ама за жал, е. Во прилепска Победа веќе петти ден како не се тренира. Играчите стапија во колективен штрајк, затоа што ги немаат добиено заработените плати, премии и други финансиски сретства од изминатиот период.

Спортмедиа дознава дека во Прилеп атмосферата е „зовриена“. Управата нема решение во моментов за проблемот, и единствена добра работа во овој момент, е фактот што викендов Победа е слободна, па вака „нетренирана“ нема да му излезе никому на мегдан.

 

ПретходноПикси го објави списокот: Митровиќ, Влаховиќ, Јовиќ….
СледноПознати се конечните списоци на Шпанија, Холандија, Уругвај за СП во Катар!