Данска го доби најважниот меч во втората фаза на ЕП во Љубљана, откако вечерва во директната пресметка за 1. место во групата, славеше над Норвешка со 31:29 и со тоа ја доби Црна Гора како свој ривал во полуфиналето.
Данските ракометарки одиграа одличен меч, иако Норвешка во неколку ситуации успеваше да се врати, па дури да замине и со предност од 1 гол на полувреме (13:12). Данските ракометарки беа подобри во второто полувреме, влегоа со +2 во последните 3 минути од мечот и на крајот успеаја да ја одржат разликата која им донесе голема победа.
Мете Хансен со 7 гола беше лидер во данскиот состав, додека кај Норвешка 8 гола запиша Нора Морк.
Во вториот меч вечерва во Скопје, Франција се прошета на мечот со Шпанија. најдобрата селекција во нашиот главен град славеше со 36:23 и доминантно го освои првото место, па во полуфиналето ќе се сретне со Норвежанките. Шпанија остана на 5. место, а Холандија како трета ќе игра против Шведска во битката за 5. место.