Скандал во полската делегација во Катар: Телохранителот на Левандовски бил неонацист!

797

Полската фудбалска федерација објави дека Доминик Грушевски кој работел како обезбедување на полската репрезентација која се подготвува за СП во Катар, ќе биде отстранет од репрезентативните активности на неопределено време. Причина е сомнежот дека Грушевски, познат како „Груча“, е вмешан во неонацистичка организација.

Според полските медиуми „Груча“ е член на банда скинхедси во градот Бјалисток, во северна Полска, и мора да се појави пред суд по тужба за насилство. Меѓу главните функции на „Груча“ беше да се грижи за главниот играч на тимот, центарфорот Роберт Левандовски.

ПретходноПрвиот човек на ОФМ по ждрепката: Ние веќе имаме победа со тоа што го донесовме ЕП во Македонија!
СледноСпецијални признанија од ЕХФ за Ракометната Федерација на Македонија (ФОТОГАЛЕРИЈА)