Максвел не е повеќе член на МЗТ Скопје!

222

Американецот Еван Максвел повеќе не е член на МЗТ Скопје Аеродром, откако денеска потпиша спогодбен раскин на договорот со шампионот.

Тој набрзо по доаѓањето го повреди коленото, што подолго време го мачеше и не му дозволи да го покаже сиот потенцијал. Сино -белиот дрес го носеше на пет меча од АБА-лигата во кои просечно реализираше по осум поени и 2,6 скока.

Од страна на МЗТ Скопје се вели дека на Максвел му се заблагодаруваат за тоа што го прикажал и му посакуваат среќа во натамошната кариера. Предводниците на клубот веќе ја почнаа потрагата по квалитетно пополнување на празнината под обрачите.

ПретходноПолувреме: Македонија игра, но Финска има водство!
СледноПланот на Бразил: После Тите, селектор ќе биде Гвардиола?