Планот на Бразил: После Тите, селектор ќе биде Гвардиола?

106

Во недела стартува СП во Катар, Бразил е еден од главните кандидати за титулата, во земјата на самбата и фудбалот се е спремно за Мундијалот, но спремни се и шпекулациите.

Имено познато е дека селекторот Тите по завршување на СП во Катар нема веќе да биде предводник на репрезентацијата и тоа без разлика на резултатот, и затоа сега се прават планови кој е тој што ќе го наследи.

Планот на одговорните во Фудбалската конфедерација е после Тите тоа да биде Пеп Гвардиола. Како што велат од Бразил имало контакти со менаџерот на Манчестер Сити, но сепак се вели дека проблем е платата, која изнесува 24 милиони евра годишно.

ПретходноМаксвел не е повеќе член на МЗТ Скопје!
СледноБарди сигурен од белата точка за 1:1 (видео)