МЗТ Скопје со пораз се враќа од гостувањето кај ФМП, беше совладан со 101-97. Актуелниот македонски првак успеа да се врати од голема негатива, но за жал на крајот сиот труд не беше награден,
Тренерот на МЗТ Скопје Аеродром, Александар Петровиќ потенцира дека имаат проблем со скокот.
„Во третата четвртина се вративме од 15 поени негатива, дојдовме на еден посед од победа, немавме среќа во финишот. Причина за поразот гледам во скокот, имавме 12 скока помалку од ФМП. Мора да поработиме на тој сегмент од играта, инаку задоволен сум од карактерот на тимот“, изјави Петровиќ.