Тиквеш не застанува, Бутел, Пролет и Пелистер според планот!

152

Екипата на Тиквеш 2014 ја продолжи победничката низа во Супер-лигата. Кавадарчани дојдоа до петтиот триумф едно подруго, откако на домашен терен го совлада Скопје со 31-24. Оваа средба домаќинот ја отвори со водство од 8-2, но тоа не беше причина за да го загснат мотивот на противникот, кој намали на 16-13.

Ракометарите на скопскиот состав не застана во вториот дел, се доближија на еден гол негатива 18-17 и 20-19, но немаа сили за целосен пресврт. По 26-24, кавадарчани со серија од 5-0 на крајот запишаа убедлива победа. Ова беше осми триумф оваа сезона за Тиквеш, на другата страна Скопје дојде до поразот број девет.

Симиќ со седум гола беше лидер кај победникот, на другата страна исто толку погодоци имаше Мишевски.

Во истата група Пролет без проблем го совлада Јуниор К.В, беше подобар со 25-34. Оваа средба беше решена во второто полувреме, гостите на одморот имаа водство од два гола 14-16, дури и имаа негатива во првиот дел. Пред истекот на 30 минута успеаја да ја превземат контролата на мечот.

Пецаковски имаше седум гола, Џонов еден помалку, на другата страна Петровски запиша девет погодоци.

Е.Пелистер се загреа за Европската лига, на гостувањето кај Радовиш беше подобар со 23-36 и остана на првото место на табелата во групата Б. Стоилевски со седум гола беше прв стрелец, Пешевски имаше шест гола.

На дуелот од групата А, Бутел Скопје ја оправда фаворитската улога против Вардар Неготино, славеше со 31-24.

ПретходноМЗТ ја загуби драмата со ФМП
СледноПетровиќ: Немавме среќа во финишот, задоволен сум од карактерот на тимот!