Дека не било се во ред на вчерашниот меч меѓу Јапонија и Шпанија, веќе наголемо се говори. Посебно не кога на другиот натпревар Германија го сврте резултатот од 1:2 на 3:2 против Костарика.
За медиумите искрено говореше Ао Танака, стрелецот на победничкиот гол против Шпанците синоќа:
„Сите велат дека ова е чудесна победа. Јас ќе кажам ма каква чудесна победа, сите кои бевме на теренот се уверивме дека Шпанците после пресвртот на Германците против Костарика, едноставно престанаа да го напаѓаат нашиот гол“ посочи Танака.