Џака во „војна“ со новинарка од Косово

3262

Откако Швајцарија испадна од Мундијалот, но во дуелот со Србија обезбеди победа, штио во одредени делови од светот беше окарактеризирано како триумф на целиот Мундијал излезе афера која го „тресе“ регионот.

Имено, добро е познато дека на тој дуел со Србија во главна улога беше Гранит Џака, и неговото однесување кон србите. Гестикулации, пцовски, што ли не. Тоа наиде на одобрувања но и на критики во јавноста.

Нвинарката од Косово, Зана Авдиу јавно во емисија критикувала на оваа тема, па следувало повик. Пред се од страна на семејството Џака. Татко му на Гранит директно се јавил во телевизијата каде што е емитувана емисијата и се заканил на Авдиу, со зборовите знаеш ли колку е моќна фамилијата Џака?

Швајцарскиот „Блик“ пак објавува дека и братот на Џака директно преку пораки и се заканувал на Авдиу да престане веднаш со негативните моментари инаку ќе има сериозен проблем.

ПретходноРаде Стојановиќ го објави списокот за „SPARKASSEN CUP“
СледноАјдуци на стогодишнината на Беласица го „запалија“ стадионот (ВИДЕО)