Маркус Мерк: Некои судии се недораснати за светско првенство

279

Еден од најпознатите поранешни германски судии со амблем на ФИФА, Маркус Мерк, кој судеше на светските првенства во 2002 и 2006 година, смета дека „брзината со која ВАР го спроведуваше, особено делот на одлуките за офсајд“ е корисна. Сепак, Мерк има измешани чувства за подолгите продолженија што ги објави Пјерлуиџи Колина пред турнирот.

„Дури и ако поддржувам соодветно време на продолжување, спроведувањето не беше секогаш разбирливо. Тогаш треба веднаш да размислиме за нето минутажа“, изјави долгогодишниот судија.

За Мерк е фрапантно тоа што репрезентациите како Португалија, кои не ги постигнале своите цели, „вината ја бараат во судиите како алиби“. Мерк исто така вели дека несфатливо е и однесувањето на фудбалерите на Аргентина и Холандија во четвртфиналето.

Мерк го оцени настапот на судиите во Катар од „добро до задоволително“, но со јасно изразена критика.

„Настапот на бразилскиот судија на мечот Англија – Франција беше лош, дури и ако сум отворен за други менталитети и толкувања на играта. Јасните прекршоци не беа санкционирани, како на пример фаулот пред водството на Франција од 1:0“, вели 60-годишниот Мерк и додава: „Очигледно е дека на некои судии им недостига искуство и квалитет за ваков настан“.

ПретходноНејмар со порака за Тите: Ти си прекрасен човек, заслужи да го освоиш светското првенство!
СледноБразилците тргнуваат во (не)возможна мисија: Пеп за нов селектор на кариоките“?