Пу, пу неважи: Полјаците си ги бараат премиите, премиерот им вели „се шегував“!?

932

Иако ја исполнија целта и минаа во нокаут-фазата на СП во Катар, полските фудбалски репрезентативци нема да ја добијат ветената премија од премиерлот на државата. Како што објавуваат полските медиуми, голем скандал ја тресе државата откако фудбалерите си ги побараа ветените пари, а од кабинетот на премиерот им одговориле: Се шегувавме!

Роберт Левандовски и соиграчите во националниот тим очекуваа да добијат 6,4 милиони евра како ветен бонус за пласман во нокаут-фазата на Светското првенство. Полјаците ја минаа групата, но беа елиминирани во осминафиналето од Франција. Сумата како награда пред заминувањето ја ветил лично премиерот на државата Матеуш Моравецки. Сепак, премиерот се откажал од исплата на оваа сума.

Полските играчи прашале кога да ја очекуваат сумата на нивните банкарски сметки, но останаа со прстите во уста.

„Премиерот Моравецки се шегуваше. Нема шанси да исплати толку сериозна сума“, им објасниле од министерството, што ги налути играчите.

ПретходноВладо Илиевски доби награда за животно дело од Општина Струмица
СледноСтрумица Никоб во пролетниот дел без руските интернационалци