Струмица Никоб во пролетниот дел без руските интернационалци

264

Македонскиот одбојкарски шампион Струмица Никоб го заврши есенскиот дел од одбојкарското првенство со максимален скор од 10 победи во исто толку одиграни натпревари. Струмичани е големи фаворити за освојување на двојната круна и оваа сезона, но за таа цел во вториот дел од сезоната ќе останат без тројца интернационалци.

По завршувањето на првиот дел од сеозната, Струмица Никоб ја заврши соработката со тројцата руски интернационалци Александер Злобин, Алексеј Лободин и Максим Михаилов. Триото беше ангажирано за европските настапи на Струмица оваа сезона, па откако им завршија договорите овој месец, тие се ослободени од обврските.

„На Русите им завршија договорите и заминуваат. Во вториот дел од сезоната остануваат Колумбиецот Жараба, како и Канаѓанецот Глобоцки. Секако остануваат и домашните одбојкари за да се избориме за нова титула“, потврди Владо Милев, еден од најискусните во тимот, кој ја има и улогата на претседател на Струмица Никоб.

Почетокот на пролетната полусезона на домашната одбојкарска сцена е закажан за првиот викенд од февруари.

ПретходноПу, пу неважи: Полјаците си ги бараат премиите, премиерот им вели „се шегував“!?
СледноНејмар со порака за Тите: Ти си прекрасен човек, заслужи да го освоиш светското првенство!