Наковски волеј го доби дербито со Газели волеј за продолжување на победничката серија

0

Екипата Наковски волеј станува единствената непоразена по четири кола во новата сезона од Првата лига жени. Викендов во СЦ „Форца“ во Скопје, струмичкиот состав по голема борба во пет сета успеа да го совлада тимот на Газели волеј и да го одбрани врвот на табелата.

Дербито го обележа неизвесност и резултатски пресврти, подеми и падови на едната и на другата екипа. Домашниот состав имаше водство од 2:1 во сетови, но одбојкарките на Наковски се вратија во вистински момент за да го задржат врвот на табелата.

„Газелите“ иако го претрпеа првиот пораз во првенството, успеаја да освојат важен бод со кој остануваат веднаш зад лидерот.

На останатите натпревари од ова коло Работнички Скопје, Јанта Волеј КВ и Младост УГД славеа над противниците.

ПРВА ЛИГА ЖЕНИ, 4. КОЛО

Работнички Скопје – Пелистер Волеј 3:0 (25:16, 25:18, 25:19)

Фламинго Волеј – Струмица Жени 2:3

Јанта Волеј КВ – Фит Фан Волеј 3:1 (29:31, 25:18, 25:22, 25:16)

Газели Волеј – Наковски Волеј 2:3 (25:22, 19:25, 25:19, 21:25, 9:15)

Младост УГД – ЖОК Вардар ЕМ 3:1 (26:24, 25:17, 20:25, 25:20)

ПретходноТоти пристигна во Истанбул, влегува во спортскиот сектор на Фенербахче?