Ливерпул постигнал договор со Бенфика за потпис на играчот за врска Енцо Фернандез во јуни 2023 година, пренесуваат аргентинските медиуми. Репрезентативецот на Аргентина кој минатото лето прејде во Бенфика од Ривер Плата импресионираше во тимот на Лионел Скалони во досегашниот дел од СП во Катар. Ливерпул успеал да го договори 21-годишниот фудбалер да дојде на „Енфилд“ по завршување на сезоната.
Инаку оваа сезона Енцо ги одигра сите натпревари за Бенфика во португалската Примеира. Во Катар постигна и убав гол против Мексико во групната фаза.
Засега не е познато колку ќе плати Ливерпул за овој трансфер. Тој има откупна клаузула со Бенфика од 120 милиони евра.
FOTO> Twitter/FIFAWorldcup










