Новиот селектор на Шпанија: Вртиме нов лист, имаме идеја како треба тимот да се развива

793

По неуспехот на Сп во Катар, селекцијата на Шпанија го смени Луис Енрике со Луис де ла Фуенте. Тој денеска и официјално беше претставен како нов шпански селектор, а тој рече дека вратата на националниот тим е отворена за сите и дека од денес почнува „нова ера“ на шпанскиот фудбал.

Денес почнува нова ера во шпанскиот фудбал. Имаме формирана идеа, а на почеток, вратата е отворена за сите играчи. Ми требше една секунда да ја прифатам понудата и да кажам дека сакам да бидам селектор на Шпанија“, рече Де ла Фуенте.

За тоа дали ќе ги врати Рамос, Давид Де Геа во тимот тој одговори:

Нема да влегувам во расправија за Рамос или било кој друг играч. Бускетс? Секако дека би сакал тој да продолжи да игра, а јас искрено не сакам да бидеме нација со 48 милиони фудбалски тренери, туку 48 милиони фудбалски навивачи. Мораме да бидеме отворени за сите опции и да напредуваме. На СП видовме и некои добри работи, меѓутоа мораме да се прилагодиме“, изјави новиот селектор на „фуријата“.

За тоа дали користи социјални мрежи и дали трпи критики по секој неуспех на тимот, тој одговори:

Не користам социјални мрежи. Ќе се обраќам само преку прес-конференции. Јавно, сите да чујат. Нема да ви дозволам да ме напаѓате на социјалните мрежи како што тоа му го правевте на Енрике“, додаде тренерот.

Луис де ла Фуенте е поранешен играч на Атлетик Билбао и на Севиља. Тој беше селектор на У21 тимот на Шпанија од 2018 година кога го замени Алберт Селадес, а една година подоцна го освои младинското ЕП.

 

ПретходноФеноменот го откри новиот селектор на Бразил – не е ни Пеп, ни Фереира, ни Анчелоти
СледноКалин Ивановски го има најдобриот пласман на АТП листата во кариерата