Феноменот го откри новиот селектор на Бразил – не е ни Пеп, ни Фереира, ни Анчелоти

1475

По заминувањето на Тите се отвори место за селектор на бразилската репрезентација. „Селесао“ не успеа да триумфира на СП во Катар иако важеше за голем фаворити, па Тите не чекаше многу веднаш си поднесе оставка.

Почнаа да кружат гласини околу тоа кој ќе биде новиот селектор на Бразил, се споменуваа Пеп Гвардиола, Карло Анчелоти и Абел Фереира… Од ФС на Бразил објаснија дека со ниту еден од нив не е контактирано.

Поранешниот светски фудбалер број 1 Роналдо Назарио да Лима – попознат како „Феноменот“ сподели дека јасно е во која насока ќе оди ФС на Бразил односно кој ќе биде новиот селектор. Станува збор за актуелниот тренер на Флуминенсе, Фернандо Динис.

Сите ќе бидат изненадени бидејќи информациите што ги имам се дека нов селектор на Бразил ќе биде Фернандо Динис. Имаше и други имиња но не сакам сега да ги споменувам.

Фернандо Динис ќе биде голема атракција во репрезентацијата. Под негово водство тимовите играат атрактивно и приредуваат шоу“, изјави Роналдо.

Фернандо Динис е Бразилец кој играл за многу бразилски клубови, но никогаш и во странство. Бил тренер на Атлетико Параненсе, Флуминенсе, Сао Пауло, Сантос, Васко да Гама, а од април 2022 е на кормилото на Флуминенсе.

ПретходноКвинси Промес станува Русин за да му избега на правосудството во Холандија
СледноНовиот селектор на Шпанија: Вртиме нов лист, имаме идеја како треба тимот да се развива