Лео Меси и Аргентина се на чекор до освојување на трофејот на СП во Катар. Останува само уште една пречка, а таа се вика Франција.
Токму затоа цела нација е во еуфорија. По победата над Хрватска во полуфиналето најмногу се славеше во Росарио, во родниот град на Лео.
И неговата баба си имаше “проблеми“. Имено таа се чудеше зошто илјадници фанови пееја песни под нејзиниот прозор во чест на нејзиниот внук Лео.
Интересно е да се види нејзината реакција.
Можеме само да претпоставиме што ќе биде ако во недела Лео го подигне шампионскиот пехар.
Fans in Argentina chanting "the grandma of Messi" outside his grandmother's home 🥹🇦🇷
(via ness.leone/TikTok) pic.twitter.com/mpdijtgFaF
— FOX Soccer (@FOXSoccer) December 15, 2022