Невиден скандал: Ако не сте задоволни од моето судење вложете жалба до ФИФА, мечот може да се преигра!

15221

Вистински хаос се случува на СП во Катар по објавата на Инстаграм на судијата Рамос од Мексико по мечот меѓу Франција и Мароко. Да потсетиме Франција победи со 2:0, но имаше во два наврати големи грешки на судијата и тоа на штета на Мароко.

По ова Фудбалската федерација на Мароко вложи жалба до ФИФА, а на сите негативни коментари се огласи на социјалните мрежи самиот судија.

Мои пријатели, народе Марокански. Ве молам почекајте. Ако не сте задоволни од натпреварот, од судењето, можете да поднесете приговор преку веб – страницата на ФИФА и натпреварот може да се преигра“ напиша Рамос.

По оваа негова објава претседателот на ФИФА Џани Инфантино бил гневен, а Мароканците сега си ги бараат своите права.

Јасно е дека досега се нема случено поради судиска грешка мечот да се преигра, но се чини дека Рамос претерал.

ПретходноБабата на Меси се чуди зошто илјадници фанови и пеат под нејзиниот прозор! (ВИДЕО)
Следно„Синиша е во стабилна состојба, тоа што го читате за него е невистина!“