Многу врева се дигна денеска во Италија, а посебно во Србија и на Балканот околу состојбата на Синиша Михајловиќ. Имено според неименувани извори, кои беа пренесени од медиумите во Србија и Италија, тренерот кој боледува од леукемија бил во тешка состојба. Се пренесе и тоа дека му преостанува тешка битка за неговиот живот, но и тоа дека тој би можел да живее десет дена, но и уште 30 години.
Но дека ситуацијата и не била толку драматично, говори објавата на социјалните мрежи на Иларио ди Џовамбиста, директорот на Радио Радио од Италија.
„Синиша е во стабилна состојба. Вестите што можете да ги прочитате насекаде се целосно лажни. Тоа што толку брзате да објавите лоши вести е многу некултурно. Држи се Синиша“ напиша покрај другото Џовамбиста.
Ако ова е вистина тогаш и не било толку драматично како што пишуваа медиумите во Италија и Србија.