После повеќе од еден месец пауза се вратија возбудувањата во шкотската Премиер лига, а со тоа и лошите игри на Абердин. „Црвените“ вечерва го запишаа четвртиот пораз по ред. Загубија од Селтик, Ренџерс, Ст.Мирен и вечерва на гостувањето кај Килмарник со 2:1.
Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски го одигра целиот меч, но не се запиша во листата на стрелците. Абердин ги прими двата гола во период од 30. до 43. минута. Го намали резултатот во судиското продолжение на натпреварот преку Кенеди.
Миовски нема гол за Абердин од 12 ноември кога погоди во победата над Данди Јунајтед. Следуваат сушни четири меча без погодок.