Џејмс пак се повреди и пак на пауза: Ова ми е најтешката година

171

Челзи успеа да ги освои трите бода во дуелот со Борнмут во Премиер лигата, меѓутоа го загуби дефанзивецот Рис Џејмс. Тој мораше да го напушти теренот на почетокот на второто полувреме и ќе мора на нова пауза. Поради повреда на коленото тој го пропушти Светското првенство во Катар, а во првиот меч после рестартот пак го повреди истото колено и пак ќе паузира.
Тој ќе биде во аут еден месец.
„Ова ми е најтешката година. Ви благодарам на поддршката. Ова ќе ме направи ментално посилен. Ви посакувам крајот на годината да го дочекате со радост, мир и среќа“, напиша Џејмс.

ПретходноОсумкратниот кинески првак Гвангжу Евергранд испадна во Втората лига
СледноМиовски одигра цел меч, Абердин го запиша четвртиот пораз по ред