ТФТ со „фото финиш“ победа над Куманово

1

Тимот на ТФТ на домашен терен во рамките од новото коло од домашниот кошаркарски шампионат, го совлада тимот на Куманово со минимални 89:87.

Во дуел во кој имаше константна резултатска неизвесност, борба за секоја топка, и многу возбудувања, домаќинот на крајот сепак, беше посконцентриран и го доби овој дуел со само два поени предност.

Куманово ги доби првите две четвртини со 23:26, односно, 23:24. За да во вториот дел ТФТ возврати со 22:18, односно 21:19 во клучната делница од мечот.

Сила кај домаќинот беше најјефикасен со 27 поени и 12 скока, додека Вајт додаде свои 21. Најјефикасен пак на мечот севкупно беше Гуден од Куманово со 33 поени, на што додаде и шест скока.

По шест одиграни кола, двата тима и ТФТ и Куманово имаат идентичен скор.

По три победи и три порази во новиот кошаркарски шампионат на Македонија.

 

 

ПретходноБитолчанец и дете на Пелистер ќе игра за Албанија