Како и секоја година, така и оваа во организација на италијанскиот медиум Тутоспорт, се организира избор на најдобриот млад фудбалер на стариот континент.
За оваа година, на денешниот избор, со огромен број на гласови од новинарите беше избран, Пау Кубарси играчот на Барселона. Новинарите ширум Европа му дадоа огромна поддршка на дефанзивецот кој што иако е доста млад има само 19. години сепак прераснува во еден од најдобрите на својата позиција во светот.
Официјалната церемонија на доделување на наградата ќе се одржи на 14 декември во Торино.
Тој стана само вториот дефанзивец кој ја освои наградата „Златно момче“, по Матијс де Лихт во 2018 година. Кубарси е петтиот играч на Барселона кој ја добил наградата, по Лионел Меси (2005), Педри (2021), Гави (2022) и Ламине Јамал (2024).
#GOLDENBOY2026, vince #Cubarsí! ➡️ https://t.co/QTaet5CDId https://t.co/yMRgHg9TrX
— Tuttosport (@tuttosport) November 9, 2026










